Иако имаше многу шпекулации дека се разведуваат, сепак Јелена Карлеуша се уште е во брак со Душко Тошиќ, поранешен фудбалер и фудбалски менаџер.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Пејачката сега ја изненади јавноста со нејзината изјава дека жените треба да бираат помлади мажи за партнери за да си ги обликуваат. Карлеуша се осврна на врската со сопругот Душко Тошиќ
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Јелена истакна дека жената никогаш не треба да има маж кој бил долго време во врска бидејќи веќе бил обликуван според првата партнерка.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
„Жени, треба да изберете помлад затоа што тој што е веќе научен како да спие и како да ги мие забите и како да се облекува и како да спие и како ќе мириса, и како ќе излезе и дали ќе излезе и како ќе лаже… Сето тоа е голем проблем да се одучи и промени. Како нешто што се стврднало, изгорело, како кога печеш глина кога е мека и ја обликуваш и потоа ја печеш и потоа: ‘Сега смени го ова’. Додека е мек, мора да се прилагоди на вашето тело, на вашиот биоритам, на вашето битие“, изјави Јелена Карлеуша во емисијата „Мали нешта“, пренесе „Курир“ и додаде:
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
„Мажите се како бела хартија и потоа убаво ја испишувате. Не дај Боже кога друга жена ќе ја напише… Затоа избрав маж кој немал други жени пред мене, замисли да сум со маж на кој друга жена му го напишала тој кодекс на однесување. Исто како што би било страшно за секоја жена после мене со Душко, бидејќи Јелена Карлеуша би била испишана насекаде на него“, истакна пејачката.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Новата девојка на Душко
Неодамна во јавноста излезе веста дека Душко Тошиќ е во врска со колешка на Карлеуша, пејачката Ина Гардијан.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Како што неодамна ексклузивно објави српски Информер, фудбалерот е во врска со седум години помладата пејачка Ина Гардијан, а во последно време нивната романса станала толку сериозна што дури размислувале и за брак.
фото инстаграм/Катарина Гардијан
Како што изјавил изворот за Информер, парот не ја крие својата љубов, па биле видени и како разменуваат нежности на сплав во главниот град, на приватна забава.
фото инстаграм/Катарина Гардијан
– Катарина таа вечер пееше на приватна прослава на Ада, каде што беше и Душко. По некое време, кога повеќето гости си заминаа, почнаа да разменуваат нежности пред присутните – рекол изворот за Информер додавајќи:
фото инстаграм/Катарина Гардијан
– Нивната врска е сериозна, се што го спречува Тошиќ да ја запроси Катарина е тоа што Карлеуша не му даде развод. Тие двајца често патуваат и се неразделни – рекол изворот.