Ги ВООДУШЕВИ СИТЕ: Дракче за ова доби над 1000 лајкови – еве од што НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕ
Нашата популарна водителка откри од што никогаш не би се откажала во животот.
Дракче со најновата објава на Фејсбук доби над илјада лајкови и ги воодушеви сите.
Драгица Стевковска Дракче години наназад е омилена кај публиката.
Народот ја знае по нејзината емисија „Патот на светлината“, во која таа им ги толкуваше соништата на своите гледачи.
И покрај тоа што животот ѝ донесе многу тешкотии, сепак успеа да ја задржи насмевката на нејзиното лице.
Со својата ведрина и позитивна енергија веднаш ги освои симпатиите кај публиката.
Дракче успеа да ја победи и најтешката болест и со тоа дополнително стана инспиративна за публиката.
Приватно таа е сопруга, мајка, но и баба.
Скоро 4 децении таа е во брак со нејзиниот сопруг, популарниот македонски пејач на патриотски песни, Орце Стевковски.
Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.
Во едно свое интервју таа истакна дека за да се зачува еден брак потребно е многу разбирање и правење отстапки.
И покрај тоа што живееме во земја каде секој сака да дознае што се случува кај соседот, Дракче смета дека клучот за хармонијата во домот е во тоа да се слуша само мислењето на блиските.
Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ангелина и Александра, а најголема радост им се петте внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек.
Семејството ѝ е поважно од се, а доказ за тоае и нејзината најнова објава.
Дракче со најновата објава на Фејсбук доби над илјада лајкови и ги воодушеви сите.
Таа сподели фотографија на која позира пред портите на храм, а воопис напиша:
„Постојат 2 работи од кои никогаш нема да се одречам
Тоа се моите деца и ГОСПОД“.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче