Гиговска ја покажа линијата само месец дена по породувањето, но и лицето без грам шминка
Позираше во тесен фустан и ги воодушеви сите
Шармантната пејачка прв пат се појави во вакво издание по породувањето и ги воодушеви своите бројни обожаватели.
Многумина коментираа дека Антониа Гиговска изгледа прекрасно и дека воопшто не и се познава дека се породила.
Таа заедно со сопругот беше гостинка на една свадба, каде цело време не ја тргаше насмевката од лицето.
Облечена во златен фустан, пејачката блескаше како никогаш досега и ги воодушеви сите со својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Новопечената мама во ова издание ја покажа својата занесна линија, а во преден план беше преубавиот плетен фустан што го носеше.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Потсетуваме, пејачката пред нешто повеќе од месец дена го роди малиот Киан, а во рамките на своите „сториња“ сега покажа и како изгледа.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа без грам шминка, а малиот херој што го доби со својот партнер Роберт Спасенцовски ужива во нејзината прегратка.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инаку, гордиот татко и сопруг на пејачката еден месец по раѓањето на Киан ги истетовира името на бебенцето и отпечатокот од неговото ноже на својата рака и со новата тетоважа се пофали на Инстаграм.