Гиговска се огласи по гласините дека го оставила таткото на нејзиното бебе – еве што изјави новопечената мама
Нашата позната пејачка реши да им стави точка на озборувањата
Познатата македонска поп-пејачка Антониа Гиговска пред три недели се породи и се оствари во улога на мајка.
Среќната вест прв ја сподели гордиот татко, Роберт Спасенцовски, а по некое време и мајката ја објави првата фотографија од бебето.
Таa потоа објави и фотографија на која е бебето, но и нејзиниот партнер, кои спијат еден покрај друг.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Но пред неколку дена Гиговска објави една порака на социјалните мрежи со која ги загрижи нејзините фанови.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено, таа објави еден цитат во кој се вели „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
По овој коментар многумина се запрашаа дали нешто навистина се случило, а некои медиуми веќе и ја разведоа, по што имаше и бројни реакции дека на Антониа и Роберт не им оди во бракот.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Но откако гласините излегоа од контрола, пејачката реши да се огласи и да ги демантира истите.
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави:
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Роберт е прекрасен сопруг и татко. Нема потреба да се измислуваат приказни произлезени од мои сториња“, напиша таа.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Потсетуваме, Антониа и Роберт се во брак од пред неколку месеци, а пред месец и половина се остварија во улога на родители.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Пејачката пред да биде во врска Роберт долго време беше во љубов со својот колега Иван Јованов од „Либеро бенд“.