Гиговска прво позираше без градник, а пото објави фотографии на кои се бакнува со момчето
Реши да ги почести фановите со пикантна фотографија
Нашата млада пејачка Антониа Гиговска која се прослави со својот генијален настап во „Пинкови ѕвездички“ мошне е активна и на социјалните мрежи. Таа редовно објавува интересни фотографии, но досега речиси никогаш не позирала во олку провокативно издание.
Имено, таа реши да ги почести своите фанови со фотографија на која носи кошула и под која „заборавила“ да облече градник.
Фотографијата веднаш го привлече вниманието на нејзините фанови, па следуваа бројни лајкови и комплименти.
Меѓу првите коментираше нејзиното момче Иван Јованов, вокалот од Либеро бенд, а потоа Гиговска објави фотографија на која позира со пењоар и во кревет, додека фановите се прашуваат кој и го донел колачињата.
„Преубава си“, „Прекрасна“, „Предобра“, коментираа воодушевено нејзините верни обожаватели под фотографијата.
По ова таа објави и видео во своите „Инстаграм приказни“ на кое се гледа како се бакнува со момчето…
Инаку, Гиговска со својот стил секогаш го привлекува вниманието и веќе има војска од свои обожавателки и обожаватели, а како што и самата откри во една пригода, за тоа е главен „виновник“ е стилистката Викторија Бурсаќ која и помага во изборот на модните парчиња.