Реклама
Наши ѕвезди

Гиговска во уште едно Ким Кардашијан издание со кое никого не остави рамнодушен

Реклама

Можеби изгледа необично, но во прашање е голем тренд

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Младата македонска пејачка повторно ги изненади сите со својот необичен стајлинг. Во прашање е едно од највпечатливите изданија во кои што сме ја виделе досега и тоа поради еден на прв поглед сосем обичен детаљ. Имено, Гиговска носи „бициклистички“ кои важат за еден од најголемите, но и најсмелите трендови меѓу познатите дами и кои се апсолутен хит во последните неколку сезони.

Меѓу првите ги носеше Ким Кардашијан која досега сме ја виделе во сите можни изданија со ова парче позајмено од спортската облека, но мораме да признаеме дека и ова на нашата пејачка буквално не остави без зборови.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Имено, Антониа ги „фураше“ со краток топ и „оверсајз“ сако во сива нијанса кое стои преубаво на пејачката, а целото издание дополнително го „подигна“ со пунџата и елегантните сандали кои се врзуваат на зглобовите.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button