Гејтс разочаран од ситуацијата: Отворено проговори за првата вакцина против коронавирус
Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс зборуваше за вакцините против коронавирус, теориите на завери кои се плетат за него и се широко распростанети како и за тоа колку е опасен вирусот што предизвика пандемија.
Гејтс досега во развојот на вакцина вложи 350 милиони долари, а во интервју за „Блумберг“ рече дека не верува дека пандемијата ќе биде завршена до крајот на 2021 година. Додаде и дека не верува многу во вакцините кои први ќе се појават.
„Првите вакцини нема да бидат идеални кога е во прашање ефективноста против болеста и трансмисиите. Можеби нема да има долго дејство и главно ќе бидат користени во богатите земји. Ќе бидеме среќни ако ги има доволно до крајот на оваа година“, рече Гејтс.
Кога се во прашање бројните теории на завера кои го доведуваат во врска со пандемијата од коронавирус, како и неговите мотиви да го финансира развојот на вакцината, Гејтс вели дека „тие ги извртеле неговите реални мотиви“, зошто тој „вложува пари за да ги спаси животи“.
„Тоа е чудно. Теоретичарите на завери го земаат фактот што сум вклучен во развојот на вакцината и го извитоперуваат. Така што во нивните теории, наместо што давам пари за спасување животи, давам за да одземам животи. Ако тоа би влијаело врз луѓето да не сакаат да ја примат вакцината или да не носат маски, тогаш тоа е голем проблем“, рече Гејтс.
Тој додава дека не верува оти вакцината треба да биде задолжителна, освен доколку не се во прашање луѓе што работат со повозрасни лица.
„Кога нешто е задолжително, често може да има спротивен ефект од очекуваниот“, вели основачот на Мајкрософт.
Милијардерот рече дека не е премногу загрижен поради коронавирусот. На прашањето „дали ќе бидеме во ред“, тој оговори:
„Секако. Имаме среќа што ковид-19 не е сmртоносна болест“, рече тој.