Реклама
Наши ѕвезди

Гест што Кајмакоски го направи заради мајка му сите ги воодушеви – ова нема никогаш да му го заборават

Мајка му имаше тежок живот, па затоа Кајмакоски реши да го направи најдоброто дело во неговиот живот

Реклама

Тие позираа насмеано и среќно, а се познава и дека се гордеат со него

Пејачот Даниел Кајмакоски овие неколку дена заедно со семејството ужива во прошетка низ најубавите места во Македонија.

Тој најпрво покажа дека го посетил Свети Наум каде беше со сопругата Марина и нивниот син Стефан.

Маркетинг

Даниел таму го сретна и пејачот Наум Петрески па заедно со него и синот Стефан направија едно заедничко селфи.

Маркетинг
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Даниел на овој начин му го честиташе именденот на Наум (види тука), а потоа објави и една фотографија со родителите.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Имено, малкумина знаат дека и неговиот татко Павле е музичар, но и дека Даниел има уште двајца браќа, Далибор и Филип.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Таткото на Даниел, Павле Кајмакоски, исто така е одличен пеач, а на Јутјуб има и неколку негови изведби на македонски изворни песни.

Од друга страна мајката на Даниел, Ружа, која е учителка во градинка, отсекогаш му била најголема поддршка во животот.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

И како што самиот Даниел во една пригода ќе открие, токму заради неговата мајка и нејзиниот тежок живот во детството, тој ќе реши, пред неколку години, кога ја освои наградата во „Твоето лице звучи познато“ да ја даде во хумани цели за помош на едно болно детенце.

„Знам многу за детството на мојата мајка, таа имаше тежок живот со братот. Целата приказна ме потсети на мајка ми, нејзиниот брат и нивната мајка, бидејќи таа била самохрана и самата ги чувала децата. Постојано се борела на нив во животот да им пружи сé. Затоа решив наградата да ја дадам на ова семејство. Мојата баба исто така беше самохрана, и затоа ме погоди и потресе кога видов дека оваа жена сама се бори и се обдува да се избори за здравјето на своите деца кои боледуваат од цироза на црниот џигер“, изјави тогаш Даниел за медиумите.

Принтскрин/ Прва ТВ

„Мислам дека донесов добра одлука што решив наградата да ја дадам на нив“, изјави Даниел во 2016 година, по победата во „ТЛЗП“.

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Потсетуваме, Даниел претходно беше победник и во Икс фактор кога исто така доби голема награда, 10 илјади евра и Мини Морис.

Како тој изгледаше во ова шоу, потсетете се во продолжение…

Бонус галерија

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Семејството Кајмакоски во Вевчани

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Кајмакоски деновиве сподели уште една преубава вест – неговата сопруга е бремена, а откри и полот на бебето.

Повеќе за ова прочитајте тука

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button