Реклама
Вирално

Германците ги отвораaт портите ширум и за Македонците – потребни им се 30.000 занаетчии

Реклама

На Германците очајно им се потребни работници.

Според првиот човек на германското здружение на занаетчии, Ханс Питер Волсејфер, Германија во моментов има огромна потреба од занаетчии и мајстори во сите делови на земјата и доколку не го реши овој проблем ќе страда целата економија. Потребни се работници речиси од сите гранки – од градежништво, молери и монтири, до професионални месари и готвачи.

Маркетинг

Новиот закон за вработување на професионални квалификувани работници надвор од земјите на Европската унија ќе важи од 8 март 2020 година.

Законот неодамна го најави и канцеларката Ангела Меркел преку видео порака, и со него ќе се олесни процедурата за добивање виза и вработување на лица кои потекнуваат од земји кои се надвор од Европската унија.

Маркетинг

Потребно е да се знае германски јазик, но постои и возрасна граница, односно оние лица што се постари од 45 години ќе мораат да покажат дека досега доволно уплаќале во пензиското осигурување. Ова правило нема да важи и за оние што имаат минимум 3600 евра бруто плата.

Еве што им нудат на Балканците

Во овој момент во Германија најбарани занимања се од медицинската струка, од доктори, специјализанти, медицински сестри до негуватели, потоа од ИТ секторот и програмирање од кои се бараат инженери, но се бараат и градежни и работници од услугите за транспорт и слично. Само во Германските железници во следните пет години ќе има потреба од 100.000 нови работници, кои доколку во Германија не дојдат работници од други земји, нема да можат да ги најдат. Покрај ова потребни се и мајстори во градежништво, санитарни инсталации и монтери, телекомуникациски техничари, месари и експерти во прехранбениот сектор.

Невработеноста во Германија се спушти на најниско ниво од обединувањето на поранешните земји од Источна и Западна Германија во 1990 година, објави германската Федерална агенција за вработување (БА).

Пораката на Меркел

Германската канцеларка пораката што неодамна ја објави на социјалните мрежи ја посвети на новиот закон што треба да се појави на почетокот од следната година.

„Ние во овој момент имаме бројни претпријатија кои се во очајна потрага за квалификувана работна сила. Ако политичарите не се погрижат доволно за стручните лица, фирмите и работодавците ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, вели Меркел во своето обраќање.

Меркел потсети дека во Германија пред 15 години имало околу пет милиони невработени, додека сега компаниите се соочуваат со сериозен проблем заради недостаток на квалификувана работна сила. „Мораме да вложиме дополнителни напори за да најдеме квалификувани работници. Инаку компаниите ќе мораат да заминат на друго место. Секако дека тоа не смееме да си го дозволиме“, истакна Меркел.

Новиот закон што ќе биде донесен ќе го олесни увозот на квалификуваните работници кои доаѓаат и надвор од Европската Унија, а законот треба да стапи во сила од 1 март следната, 2020 година. Главната цел на овој закон е да им се отвори патот на работниците кои се надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која има „очајни“ потреби од нив, како што вели во својата порака Меркел.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button