Германците воодушевени од „Македонско девојче“ – за водителот нашата земја е само Македонија!
Ова девојче со својата флејта и облечена во македонска народна носија ги воодушеви сите
Младата пејачка од Македонија на Јутјуб го објави видеото од нејзиниот настап на фестивалот во Минхен, Германија.
Младата пејачка и флејтистка Тијана Тушевска настапи на интернационалниот музички натпревар „Бои од гласови“ во Германија.
Меѓународниот фестивал траеше две вечери и беше организиран во Минхен, а Тијана ја претстави Македонија со песната „Македонско девојче“ облечена во македонска народна носија.
Принтскрин/ Јутјуб
Тијана покрај тоа што пееше и носеше носија во која изгледаше прекрасно, таа и свиреше на својата флејта.
Принтскрин/ Јутјуб
Младата пејачка по фестивалот на својот Јутјуб канал објави и снимка на која се гледа како водителот ја најави како девојка која доаѓа од најубавата земја во Европа, Македонија, и тоа без додавката „северна“ од која на секој Македонец му се крева косата на главата.
Како звучеше Тијана на овој настан, слушнете во продолжение…