Реклама
Вирално

Германските виролози открија нови симптоми на коронавирусот, пациентите се жалат на ова, водете сметка кога ќе по почувствате овој симптом

Реклама

Германскиот виролог Хендрик Штрек препозна нови симптоми на инфекцијата со
новиот коронавирус.

Директорот на институтот за вирологија и истражување на ХИВ при медицинскиот факултет на Универзитетот во Бон, ги прегледал жителите на округот Хајнсберг, во покраината Северна Рајна – Вестфалија, каде има многу заразени. Во таа прилика е утврдено дека речиси третина од пациентите се жалеле на губење на чувство на мирис и вкус, во текот на неколку дена.

– Една мајка дури не можеше да го почувствува мирисот на полна пелена на своето бебе. Други не можеле да го почувствуваат мирисот на шампонот, а храната им била безвкусна – рече за „Франфуртер алгемајне цајтунг“, чии заклучоци ги пренесе германскиот весник Велт.

Маркетинг

-Бевме во округот Хајнсберг, каде има многу заразени, одевме од куќа докуќа и ги прашувавме луѓето за симптомите. Ги анализиравме симптомите и притоа откривме некои нови, зедовме примероци од воздухот, брисеви од кваките, мобилните телефони и далечинските управувачи, дури и собравме примероци од водата во ВЦ школката, вели експертот.

Вирологот не можел точно да каже во кој момент тие симптоми се јавуваат, но како што рече „мислиме дека настапува дури кога инфекцијата одминува“.

Маркетинг

На прашањето дали вирусот се пренесува преку столица, Штрек вели дека таа можност не е исклучена, но дека нема докази дека е тоа така.

– Најдовме генетски материјал на вирусот во ВЦ шољите, што меѓутоа не значи дека е инфективен – рече експерт.

Опишувајќи го типичниот заболен пациент, бонскиот експерт вели:

-Типичниот заболен покажува само благи симптоми, што покажува и кинексата студија од Шенжен, според која 91 отсто од заразените имале само слаби до умерени симптоми: сува кашлица, која го дразни грлото, евентуално висока температура. Ние во нашата студија откривме симптом на губење на сетилот за мирис и вкус. Во триесет отсто од случаите заболените имаа диареја, што е поголем процент отколку што досега се претпоставуваше.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button