Реклама
Вирално

Германскиот виролог предупредува: Потклекнуваме на масовна хистерија, луѓето стануваат ирационални, мора да се прекине со тоа!

Реклама

Најпознатиот германски виролог Хендрик Стрик, директор на Институтот за вирологија на Универзитетот во Бон, остро се спротивстави на враќањето во карантин како решение за новиот удар од пандемијата од коронавирус со кој се соочува дел од Европа. Како што пишува британски Телеграф, Стрик понуди совет до сите држави кои тргнаа во насока на новата карантизација: „смирете се, не потклекнувајте на сеопштата масовна хистерија“.

– Време е да се прекине со целиот тој алармизам. Вирусот можеме да го надмудриме користејќи го нашето знаење. Мораме да сфатиме дека ковид-19 со нас ќе биде многу долго и мораме да научиме да живееме со него. Не може да продолжиме со прекинување на нашите нормални животи и парализирање на се, изјави тој.

Маркетинг

Професор Стрик, како што потсетува Телеграф, го поддржа првиот карантин што беше воведен во Германија. Во тој момент стигнаа шокантни прелиминарни податоци од Италија и научниците само што почнаа да се фаќаат во клинч со ковидот. Принципот на внимателност поради тоа наложуваше драконски казни. Но пресметката во текот на следните месеци од развојот на пандемијата драматично се смени.

Маркетинг

Вирусот, според него, претставува помала опасност од низа причини и денеска принципот на претпазливост наложува потези во спротивна насока, т.н. калибрирани мерки и студена глава.

– Јас не го потценувам вирусот, но не го ни проувеличувам. Мора да најдеме примерен баланс, изјави без притоа да навлегува детално во анализа на моменталната ситуација во Велика Британија, која е се поблиску до втор национален карантин, посебно што тамошните членови на научниот совет на владата на Џонсон утврдија дека се закануваат 50.000 новозаразени дневно ако не се преземат драстични мерки.

Сепак, предупреди на лошата навика од погрешно толкување на порастот на бројот на случаи.

-Уверен сум дека промените во однесувањето на луѓето имаа силно влијание на заразата. Луѓето сега се инфицираат со помали дози од вирусот поради практицирањето на социјална дистанца па клиничките слики им се поблаги. Подобра хигиена и мерки како носење маски ги намали тие дози на вирусот. Тоа тешко се докажува, но имавме истражувања со другите вируси, чии резултати го сугерираат токму тоа, рече Стрик.

– Не е веќе добро само да се надгледува бројот на нови случаи на зараза. Мора да гледате и што се случува во болничките одделенија и на интензивна нега. Тоа е многу подобар водич за оваа пандемија, вели тој.

Телеграф наведува дека во Британија оптовареноста на здравствениот систем моментално не е ни блиску до ситуацијата во март иако треба да се биде внимателен зошто бројот на тешко заболените после порастот на бројот на новозаразени секогаш нагло може да зголеми потоа.

Професор Стрик вели дека сега прилично безбедно може да се утврди следното: големи собири во затворени простори го забрзуваат ширењето на заразата, но одењето во продавница или на фризер е ризик со кој може да се управува.

Во споредба со Шпанија (652 nочинати од коронавирус на милион жители), САД (615), Велика Британија (614), Италија (591) и Франција (479), Германија со 113 починати на милион жители е пример за успешна борба со ковидот во западниот свет, оценува Телеграф. Нивниот децентрализиран модел првиот бран брзо и ефикасно го совлада со ограничена економска штета.

Стрик смета дека тајната лежи најнапред во правовременото тестирање и следењето на контакти, висок степен на дисциплина, добра соработка на семејните лекари со своите пациенти како и општата пракса меѓу Германците да останат дома ако се настинати. Тој предлага таканаречен систем на семафор, односно воведување на локализирани мерки зависно од тоа каде ситуацијата би се влошила т.е. кои подрачја ќе бидат во зелена, жолта или црвена зона. Боите притоа би означувале пополнетост на болничките капацитети. Слична верзија неодамна воведе Австрија, пишува Телеграф.

Германскиот виролог во текот на првиот бран пандемија со својот тим спроведе големо истражување на заразата во Хеинсберг. Откри и дека таму проценетата стапка на смртност меѓу инфицираните изнесуваше 0,37 отсто, што е околу четири пати повеќе од грипот, но и многу помалку од 1 процент, што е стапка која се споменуваше во контекст на „коронакрузерот“ и Бергамо.

Тој смета дека стапката во меѓувреме се намалила на 0,30 отсто благодарение на новите методи на леквуање, рано давање кислород на потешко заболените и подобар систем за следење на контактите. Тој исто така смета дека пренадуваните тврдења за тн. ‘карантински јастреби’ дека лицата кои ќе го прележат ковид имунитетот го губат многу брзо поради што и самата помисла за колективен имунитет е недопуштена.

– Ширум светот се забележани повеќе од 30 милиони заразени и само два случаи на реинфекција. Тоа ни говори дека мора да постои траен имунитет. Знаеме од искуство со другите коронавирус дека можете да добиете добра заштита во вид на антитела на година или две, а ако после тоа заболите повторно, ќе имате само делумен имунитет, благодарение на Т-клетките така што симотимите нема да бидат тешки. Не мислам дека ковид-19 ќе биде поинаков, изјави професорот Стрик.

– Ќе биде интересно да се набљудува што ќе се случи во големите градови во кои веќе се забележани многу заразени. Не би ме изненадило ако во Њујорк е достигнат ефективен колективен имунитет, а можеби и во Шведска, додаде тој.

На крајот заклучува дека државните власти во борбата со пандемијата не можат да погрешат додека се потпираат на здравиот разум и на деталните анализи за тоа што претставува помало зло. Нишалото во овој момент, вели тој, отиде премногу на страната на „ковид нервозата“ поради што радикано се редуцирано клучните програми на ОН за борба против ХИВ и гладта во неразвиениот свет што би можело да доведе и до неброени сmртни случаи.

– Стравот често е корисен рефлекс, но во оваа ситуација е лош адвокат. Луѓето станаа ирационални, заклучува професорот Стрик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button