Реклама
Вирално

Германија се соочува со проблеми кои никој не сакаше да ги слушне: Дали ова е знак дека сите земји треба да се подготват?

Реклама

Бројот на потврдени случаи од коронавирус во Германија е зголемен за 1.892 – и тоа на 255.366, покажуваат денешните податоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Претходниот ден во Германија се регистрирани 1.499 новозаразени од коорнавирус.
Бројот на починати од коронавирусот е зголемен за три, на 9.341, пренесува агенцијата Ројтерс.

Маркетинг

Во светот Индија, Франција и Чешка денеска забележаа најголеми дневни порасти на случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, со тоа што во Индија во еден ден се заразени рекордни 96.551 лица, во Франција 9.843, а во Чешка 1.382 лица, според податоците на министерствата за здравство на тие земји.

Маркетинг

Бројот на заразените во Индија расте побрзо отколку било каде во светот, а САД се единствена земја која е погодена најмногу. Во петокот во таа земја од ковид-19 починаа 1.209 лица, а вкупно се заразени 76.271, пренесува Ројтерс. Бројот на смртни случаи остана релативно низок во Индија, но со растечка стапка на заболени, а расте и бројот на смртни случаи.

Француските здравствени власти пријавија најголем пораст во бројот на заболени од почетокот на пандемијата. Владата ќе разгледа натамошни мерки за да се ограничи ширењето на вируси. Многу лекари стравуваат дека одделенијата за интензивна нега во есен ќе бидат преоптоварени, како што беа во март.

Моментално големите собири се забранети. Во некои градови, носењето маски на јавни места е задолжително, па дури и на улица.

Како и во другите европски држави, според зборовите на властите, младите во голем број добиваат вирус. Најизложените подрачја се регионот Ил д Франс околу Париз и Азурниот брег.

Чешка во четвртокот пријави 1.382 нови случаи на вирусот, што досега е најголем број. Оваа средноевропската држава ги заостри мерките по прашањето на носењето маски оваа недела поради порастот на бројот на заразени, но засега се воздржува од враќањето на мерките кои би можеле да и наштетат на економијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button