Реклама
Вирално

Германија ги чека печалбарите: Еве како да стигнете до работна виза

Реклама

За сите оние кои сакаат да заминат на шечалба во Германија.

 

Маркетинг

На работниците од земји кои не се членки на ЕУ, во иднина во Германија ќе им бидат достапни сите работни места за кои се квалификувани, а не само оние кои биле прогласени за дефицитарни од германските институции и за кои нема кандидати од Германија или земји од ЕУ.

Оние кои бараат работа, исто така, ќе имаат право да го надоместат евентуалниот недостиг на практично искуство со доквалификација преку практикантска работа со германски работодавач. Услов ќе биде надлежните институции да ја потврдат дипломата на странскиот работник и да докажат дека тој зборува германски јазик. Покрај тоа, ако претходно не склучи договор за вработување, странецот ќе мора да докаже дека има доволно пари за да се издржува додека бара работа.

Маркетинг

-Согласно законот, квалификувани стручни лица не се само лица со завршено високо образование туку и стручни лица со квалификувано стручно средно образование. Како прв чекор мора да се докаже оваа квалификација пред да се поднесе барање и да биде признаена од надлежните германски служби. Со призната професионална квалификација може да поднесете барање за виза за кое ви е потребна и конкретна понуда за работно место. За да може стручните лица да имаат корист од забрзаната постапка идниот работодавач во Германија, мора да поднесе соодветно барање. Кога сето ова ќе е приложено, Амбасадата ќе издаде виза, вели амбасадорот Герберих.

На квалификувани баратели на работа и практиканти ќе им биде дозволено да останат во Германија до шест месеци, при што е потребно практикантите да достават соодветна училишна диплома и да не бидат постари од 25 години.

Поврзано

Back to top button