Генијалниот Мики Секуловски сподели преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Не крие колку е среќен заради новата улога во животот
Пејачот поминува низ бурен период во животот
Пејачот Мики Секуловски (36) вечерва повторно ќе го гледаме во „Ѕвездите на Гранд“ каде што важи за еден од фаворитите.
Но тој деновиве сподели и една преубава вест со која ги воодушеви своите бројни обожаватели како од Македонија, така и од регионот.
Имено, Мики во рамките на своите Инстаграм приказни сподели дека неговиот брат добил син, а тој станал чичко.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Среќната вест ги израдува сите, а Мики сега ќе има уште една причина да победи и да ја одбележи оваа година.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инаку, Мики вечерва се натпреварува во петтиот круг од „Ѕвездите на Гранд“, а неговите фанови се сигурни дека повторно ќе воодушеви.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Така беше и со сите негови претходни настапи, а неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ е среќна што е во нејзиниот тим.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа е презадоволна што има еден ваков генијален и талентиран пејач покрај себе, а тоа го покажа и по неговиот последен настап кога излезе на сцената и му честиташе, па го прегрна и бакна.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како звучеше Мики тогаш, слушнете во продолжение…