По повеќе од 30 години во овој занает Бред Пит конечно го освои својот прв Оскар за глума.
Познатиот холивудски убавец награден е со оваа престижна награда за споредната улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино.
Својот говор Бред им го посвети на колегите од филмот, но најпрво ги спомна режисерот Квентин Тарантино.
„Ви благодарам и ми беше голема чест. За сé е заслужен Квентин Тарантино. Ти си оригинален, филмската индустрија немаше да биде иста без тебе. Ти воедно си и најдобриот и најлошиот во исто време но сепак си најдобар“, изјави легендарниот актер во својот говор.
Brad Pitt’s full acceptance speech at the #Oscars pic.twitter.com/pIoiixbYrr
— Brad Pitt Web (@BradPittWeb) February 10, 2020
Тој потоа го спомна и својот директен партнер во филмот, актерот Леонардо Дикаприо.
„Леонардо ти си фантастичен, како и останатата филмска екипа. Мислам дека е време конечно да им се заблагодариме и на каскадерите“, додаде тој во својот говор.