Реклама
Наши ѕвезди

Гала прослава за синот на Даниел Кајмаковски – неговата поранешна сопруга објави ПРЕСЛАТКИ ФОТОГРАФИИ

Реклама

Таа е една од најубавите жени во земјава, а тој еден од најуспешните пејачи.

ФОТО: Даниел Кајмакоски / Инстаграм

Манекенката Кристина Димитриевска и пејачот Даниел Кајмаковски важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена. Нивната љубов уште од самиот почеток беше изложена во јавноста, а папараците го следеа секој нивен чекор.Иако Кристина е 13 години помлада од пејачот, разликата во годините никогаш не беше проблем во нивната врска.

ФОТО: Даниел Кајмакоски / Инстаграм

Во 2016 година парот одлучи да ја круниса својата врска со брак. Плод на нивната љубов е нивниот син Давид. Гордите родители постојано објавуваат фотографии од него и се трудат да му обезбедат безгрижно детство.

Маркетинг

Веста за нивното разделување одекна во јавноста и предизвика големо разочарување кај нивните фанови. Нивната љубов заврши и секој од нив одлучи да тргне по својот пат.

Маркетинг

Да потсетиме, за разделбата на Кристина и Даниел најпрво објавија медиумите, а потоа и самиот пејач со писмо се обрати до естрадниот магазин „Бекстејџ“ во кое ги потврди гласините. Тој истакна дека и покрај тоа што за никој од нив не е лесен овој период, најважно им е да бидат добри родители на нивното дете. Токму затоа и комуницираат постојано и одлично се разбираат и функционираат одлично како родители, иако повеќе не се заедно, а Давид живее со Кристина.

ФОТО: Даниел Кајмакоски / Инстаграм

„Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. јас и Кристина не сме заедно подолго време.

Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината.

Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност – пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Судејќи според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, се чини дека Кристина го пребродила тешкиот период и продолжила напред.

Сепак, таа откри дека воопшто не ѝ било лесно и поминала низ депресивен период.

„Нормално дека е тешко, но мораш да имаш силна психа и да продолжиш понатаму. Беше долг период на затвореност, поминав депресивен период, но важно е кај сме сега”, изјавила Кристина.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Но, Кристина се издигна како Феникс од пепел и сега „турбо“ работи на својата кариера.

Во 2019 година победи на изборот за „Мис на Балканот“. 23-годишната Македонка од Тетово ја овои престижната титула.
Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Круната и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.

Македонката Кристина Димитриевска се истакна меѓу убавиците на „Miss Globe 2019“ и ја освои титулата „Мис фотогеничност“.

Но, освен во манекенството одлучи да му стане конкуренција на сопругот и да заплови и во музичките води.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Во тригодишниот брак со Даниел веројатно научи многу за естрадата, па така мотивирана реши да ја сними својата прва песна која е насловена „Сакам пак“.

Нејзината убавина не е случајна, ја има наследено од својата мајка. Крушата под круша паѓа. Манекенката на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзината мајка, а веднаш доби коментари дека таа е нејзина копија.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Кристина е доста активна на друштвените мрежи, каде често споделува провокативни фотографии со кои мами воздишки кај посилниот пол.

Секоја нејзина фотографија привлекува големо внимание и добива многу лајкови и коментари.

Деновиве таа сподели дека имало причина за славење во нејзиниот дом.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Причината не е било која, туку роденденот на Давид. Давид наполни 4 години и доби луксузна роденденска забава која ја организираше неговата мама.

Роденденот го прославија во еден тетовски ресторан, а слаткото момче си доби торта со пожарникари, најверојатно неговата желба за професија.

Но, никој не можеше да остане рамнодушен на згодната мама која специјално беше средена за роденденот. Буквално блескаше. Сите очи беа вперени кон неа. Облечена во гламурозен без фустан со пердува изгледаше како лебед.

На фотографиите не се гледа дали Даниел присуствувал на роденденот, но покрај славеникот беше вујче, односно братот на Кристина без кој како што пишува во објавта, свеќите не се дуваат.

ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм
ФОТО: Кристина Димитри / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button