Реклама
Холивуд

Гага сите не потсети на легендарната Одри Хепберн во оваа тоалетa и дијамантска огрлица од НЕВЕРОЈАТНИ 20 милиони долари

Реклама

Гага го украде шоуто на црвениот килим

Ако некој знае како да ги привлече вниманието на црвениот килим на престижните холивудски настани, тоа дефинитивно е Лејди Гага. Пејачката која од неодамна заплови и во актерските води минатата ноќ дефинитивно го украде шоуто, кога на црвениот килим за 91. Оскар се појави облечена како модерна Одри Хепберн од филмот „Појадок кај Тифани“.

Маркетинг

Гага, која синоќа го освои својот прв Оскар за песната „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“, носеше гламурозна црна тоалета од модната куќа Александар Меквин без прерамки и со нагласени колкови која што ја „фураше“ со високи црни кожени ракавици и гламурозно парче накит поради кое беше во центарот на вниманието.

Маркетинг

Имено, во прашање е огрлица од најпознатата продавница за дијаманти на светот, „Tiffany & Co“ во вредност од 30 милиони американски долари поради големиот жолт дијамант од 128 карати кој пред повеќе од 140 години во Јужна Африка го најде основачот на брендот Чарлс Луис Тифани.

Но, нешто што е можеби дури и поинтересно од неверојатната цена на оваа огрлица е фактот што пред Лејди Гага истата огрлица последна ја носеше баш Одри Хепберн и тоа во 1961 година, за време на турнејата во која го претставуваше култниот филм „Појадок кај Тифани“.

Покрај Гага и Хепберн, овој ѓердан го има носено само член на високото британското кралско семејство, Марија Вајтхаус, и тоа на Тифани балот во Род Ајленд во 1957 година.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button