Гавазова ја откри тајната на нејзиниот прекрасен изглед – и по две БРЕМЕНОСТИ изгледа беспрекорно, ова е нејзиниот рецепт

Познатата пејачка Сузана Гавазова во последното интервју за „Гламур магазин“ ја откри тајната на својот изглед.

Нејзиниот трик е повеќе од едноставен и потполно бесплатен за сите дами, но и покрај тоа малку се оние што го применуваат.
Имено, Гавазова која важи за една од најзгодните пејачки на нашата естрада, во врска со тоа како се одржува во форма, вели:
„Тајни нема. Денес секој знае што треба за добар изглед. Треба спорт, здрава исхрана, без стрес и нервози“.
Пејачката е мајка на две деца, но и покрај тоа се уште изгледа беспрекорно, а токму вежбањето ја одржува во форма.
На социјалните мрежи често објавува фотографии на кои можеме да ја видиме како вежба во теретана, па во врска со тоа колку често вежба и како и успева да биде фит, таа вели дека откако знае за себе е активна на тоа поле и на тој начин ја одржува линијата. Но покрај вежбањето таа и многу често пешачи во планина и прави основни вежби кои се нејзината главна тајна за добар изглед.

Реализирана жена, горда на своите години
Од друга страна таа не крие дека е горда на своите 43 години, а што се однесува до тоа како успева да ги заврши сите обврски, ако земеме во предвид дека постојано е зафатена околу своите настапи и бројните снимања, таа вели дека е голем предизвикот на секоја жена да се носи со сето она што ја очекува во секојдневието, но тајната е во добрата организација со која може сé да се реализира.

Пејачката не крие дека околу домашните обврски и помага и сопругот, за кого вели дека е грижлив и добар и дека е среќна што токму тој е татко на нејзините деца. Покрај него таа се чувствува сигурно и сакано, и ја добива максималната поддршка и има потполно разбирање за нејзината работа.
„Бракот е света работа, Се што е од Бога е нешто најдобро за човек“, вели Гавазова, а целото интервју можете да го прочитате тука…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
