Гавазова ја немаме видено во вакво издание – како тинејџерка, тесните фармерки пукаат на неа
Го покажа и бесниот автомобил со кој се вози низ Австралија
Македонската фолк-дива, Сузана Гавазова, со секое свое појавување и на социјалните мрежи многумина остава без текст.
Но овој пат Гавазова се појави во малку поинакво издание во какво ретко ја гледаме и повторно предизвика внимание.
Иако најчесто ја гледаме во тесни и провокативни тоалети, пејачката овој пат се прошета и снимаше во едно кежуал издание.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, Гавазова за оваа пригода носеше тесни фармерки кои одлично и стоеја и елегантна црна кошула, а целото издание го „зачини“ со модни додатоци од најпознатите светски брендови.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа носеше црна чантичка со златен синџир околу рамото која одлично се вклопи со ременот кој исто така беше од познат бренд.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Покрај убавата фризура и шминка, пејачката лицето дополнително го стави во фокусот и со големите златни обетки, а на нозете носеше елегантни црни сандали со високи потпетици.
Како Гавазова изгледаше во ова издание и зошто голем број од нејзините обожаватели коментираат дека во последно време изгледа сé поубаво и поубаво, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Сузана Гавазова неодамна замина на турнеја во Австралија заедно со екипата од групата Молика, а со нив се и познатите музичари Џамбо Агушев, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тие веќе одржаа неколку настапи за кои се бараше влезница повеќе, а Гавазова по турнејата во Австралија ја чека настап во Швајцарија.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката во Швајцарија ќе одржи концерт заедно со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ, а повеќе за овој настан прочитајте тука…