Гавазова со песна ги обединува Македонците – се фати за микрофонот и направи лом на прославата (фото)
Исплива уште едно видео со кое Сузана Гавазова ги воодушеви своите бројни обожаватели
Пејачката Сузана Гавазова во последните неколку месеци може слободно да ја понесе титулата „Кралица на Инстаграм“.
Секоја нејзина објава што ќе ја сподели на социјалните мрежи достигнува неверојатна популарност, а така беше и овој пат.
Имено, пејачката која во последно време речиси и да нема слободен ден и постојано настапува како низ Македонија, така и надвор од земјава, и на социјалните мрежи секојдневно е активна.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Па така откако деновиве подигна голема прашина со видеото што го објави и со кое им го честиташе на своите верни фанови Денот на независноста на Македонија (повеќе за ова види тука), Гавазова сподели уште една снимка со која повторно никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова која секојдневно „шерува“ клипови кои сака ги снима, овој пат позираше во мини фустан во кој блескаше од глава до пети.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Во прашање е преубава летна креација зачинета со реси со која познатата фолк-пејачка го истакна секој детаљ од своето тело.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа целото издание го заокружи со елегантни сандали со високи потпетици, висечки обетки и мала црна чантичка.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку, Гавазова кога и да се појави на некоја прослава кога ќе се фати за микрофонот настанува вистинска фешта.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем така беше и за празникот 8. Септември кога направи провод за паметење и ги крена сите на нозе.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но бидејќи станува збор за настан организиран од страна на Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода, нејзиниот настап предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Истиот беше критикуван пред се од некои поединци од нашата дијаспора, а повеќе за овој музичко-политички скандал, прочитајте тука…