Гавазова со новите фотографии го топи снегот – изгледа феноменално, посебно кога ќе се сврти (фото)
Пејачката е мајка на две деца, но и покрај тоа се уште изгледа беспрекорно, а токму вежбањето ја одржува во форма.
Реализирана жена, горда на својот изглед и години
Нашата позната фолк-пејачка секојдневно покажува како си поминува, а сега ги воодушеви сите со најновите фотографии.
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова веќе неколку дена ужива на Тајланд заедно со својот сопруг и нивните две ќерки.
Станува збор за една од омилените дестинации на многу ѕвезди која очигледно ја обожава и нашата пејачка.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како си поминува на ова егзотично место, Сузе речиси секојдневно покажува, а сега ги воодушеви сите со новата фотографија.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, таа позираше во минијатурен костим за капење, додека стои на карпа, а на себе имаше само очила за сонце.
Во преден план беше нејзиното беспрекорно тело, а најмногу „позадината“ и затегнатиот стомак со кои никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова, инаку, во една пригода, за Гламур магазин ја откри тајната како го одржува своето тело во форма.
Еве што изјави таа тогаш:
„Тајни нема. Денес секој знае што треба за добар изглед. Треба спорт, здрава исхрана, без стрес и нервози“.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
На социјалните мрежи често објавува фотографии на кои можеме да ја видиме како вежба во теретана, па во врска со тоа колку често вежба и како и успева да биде фит, таа вели дека откако знае за себе е активна на тоа поле и на тој начин ја одржува линијата.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но покрај вежбањето таа и многу често пешачи во планина и прави основни вежби, а исто така е и „хиперактивна“ на настапите, кои се нејзината главна тајна за добар изглед.