Гавазова се соблече и уживаше во дворот и базенот во луксузната вила што ја направи во Дојран (видео)
Ова е „дворецот“ на нашата позната пејачка
Сузана Гавазова топлото време го минува заедно со ќерките и сопругот уживајќи во големиот базен што го имаат во дворот.
И бидејќи топлото време и официјално е започнато (ако воопшто може така да се рече за овој пекол што го зафати регионов), освежувачките фотографии во костими за капење на нашите ѕвезди и ѕвездички се потполно оправдани и легитимни.
И додека некои се сончаат на море, плажа, и го истакнуваат својот тен, пејачката Сузана Гавазова го прави тоа во својот двор.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, Гавазова од својот дом во Дојран направила луксузна оаза, а сега покажа и како изгледа дворот во нејзината вила.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Популарната пејачка сега времето го минува како во базенот со ќерките и сопругот, така и снимајќи се за својот Инстаграм.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа се снимаше покрај базенот во костим за капење, со мобилниот снимајќи го одразот на своето тело на прозорите од вилата.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката се движеше помеѓу лежалките и ентериерот со кој го украсила дворот, каде високата ограда крие овој рај од љубопитните погледи.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Ова не е прв пат популарната фолк-пејачка да ја покаже луксузната вила која што ја изгради заедно со својот сопруг на ова место, но овој пат заедно со вилата на фановите им го сервираше и своето беспрекрно тело од кое застанува здивот.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа овој пат се одлучи за бикини во маслинесто зелена боја „зачинети“ со бели линии, а она што им влезе во очи на сите беа и сандалите со високи потпетици и каубојскиот шешир на главата.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Повеќе од јасно е дека пејачката знае како да ужива со семејството во овие топли денови во нивната раскошно гнездо.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Покрај големиот базен дворот е полн и со цвеќиња во најразлични бои кои исто така служат да го сокријат овој рај од комшиите. И додека едни цвеќиња се црвени, други бели или розови, заедно со тиркизната боја на базенот прават ова место да изгледа волшебно.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
А од објавите на пејачката лесно можеме да заклучиме дека токму ова место им е омилено на сите во нејзиното семејство.