Гавазова проговори за тешкиот период во животот: Била на тронот, но била најнесреќна само поради една причина
Македонската фолк-дива проговори за тешкиот период во животот.
Гавазова откри детали за приватноста кои никој не ги знаеше.
Фолк-дивата Сузана Гавазова е една од најдобрите пејачки на овој тип музика во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
Една е од ретките кои максимално се вложува во музиката и постојано снима видео записи.
Скоро секоја нејзина песна е голем хит и се пеат на македонските прослави.
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
Иако многу од фолк пејачите работата само како пејачи на прослави, таа се труди да направи нов хит и на настапите да пее само свои песни.
Во поткастот на Сител откри дека и големата популарност ѝ донела и тешкотии во животот и кажа кога била најтажна:
„Најмногу бев актуелна и популарна 2011 година кога го извадив албумот со „Лудо лето“, „Докторе“, „Свадба весела“… Сите песни ми беа хитови тогаш, ама тогаш бев најнесреќна. Дали дека бев на тронот и имав од секаде „бомби“, од секаде ме нпаѓаа и си реков дека славата не може да те направи среќен.
ФОТО: Инстаграм / Сузана Гавазова
Постојано има некој кој сака да ти застане на патот, но тоа мислам дека е и природно за да бидеш трпелив, да си го гледаш својот пат, затоа мислам дека никој ништо не ми може, кога сум весела мили Боже“, ажа пејачката.
Таа истакна дека поради многуте работни и семејни обврски нема време за дружби и нема другарки, но се надева ека сега откако децата се поголеми, дека тоа ќе се промени.