Гавазова како Ким Кардашијан – распеана и разиграна, Македонците од Австралија ги спобудали (видео)
Пејачката во тесна креација во која блескаше како сирена пред нашите иселеници од оваа земја

Пејачката во издание што ги воодушеви сите
Пејачката Сузана Гавазова е жена која знае како да ги воодушеви своите бројни фанови и со своите модни комбинации.
Таа тоа го направи и сега, на турнејата во Австралија, кога на еден настап се појави во едно од најубавите изданија досега.
Гавазова за оваа посебна пригода избра долг и тесен фустан со кој го истакна своето беспрекорно тело, а посебно што креацијата изгледаше како проѕирна, па во преден план беа нејзините облини.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката од ова свое издание објави и видео со кое ги распамети следбениците на социјалните мрежи, но и претставничките на понежниот што беа воодушевени од оваа тоалета.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Неодоливиот сирена крој го истакна бујното деколте на пејачката, но и нејзината позадина, заради која изгледаше како Ким Кардашијан.
Како Гавазова изгледаше во ова свое издание, но и како звучеше со „Молика“, погледнете и слушнете во продолжение…