Реклама
Наши ѕвезди

Гавазова го покажа својот дом, па направи „хаос“ и со бруталното видео што го пушти на Инстаграм

Пејачката со новата објава ги запали социјалните мрежи

Реклама

Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова во последно време се почесто привлекува внимание на социјалните мрежи.

Но покрај објавите од нејзините настапи, Гавазова не ретко споделува моменти и од својот приватен живот, но и од модните комбинации што ги носи и со кои најчесто никого не остава рамнодушен.

Пејачката овој пат најпрво сподели снимка од својата дневна соба во која сака да го минува слободното време и да ужива.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Таа го снимаше просторот додека на големиот телевизор одеше еден нејзин настап и покажа како изгледа овој дел од нејзиниот дом.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Покрај огромниот телевизор сместен на интересната дрвена комода можеме да го видиме и големиот лустер кој одлично се вклопува во целиот амбиент, како и самиот дизајн на ѕидот.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Но покрај оваа снимка што познатата пејачка ја објави во рамките на своите Инстаграм приказни, таа сподели и едно видео од егзотичниот одмор во Тајланд и Дубаи од кој неодамна се врати.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Видеото беше проследено со песна од Ники Минаж, а во него пејачката позираше во костим за капење и ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

„Сузана – македонска убавица и најдобра пејачка, поздрав и бакнежи од Белград“, „Најубава и нај*екси“, беа само некои од бројните коментари што познатата пејачката ги доби за ова свое издание.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button