Гавазова го „запали“ Дубаи со новите бикини – изгледа беспрекорно, буквално нема ни грам вишок!
Нашата позната пејачка се сонча на плажа во Дубаи, во костимот за капење изгледа неверојатно
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова пред неколку дена отпатува на одмор заедно со нејзиното семејство.
Пејачката во друштво на својот сопруг, Јасмин Курузовиќ, и нивните две ќерки, најпрво заминаа на Тајланд, каде поминаа неколку незаборавни денови, а потоа пристигнаа во Дубаи.
Пејачката по пристигнувањето во овој луксузен град веднаш се огласи на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа најпрво сподели снимка покажувајќи го раскошот на градот во вечерните часови, а потоа и како ужива на песочната плажа.
Овој пат атрактивната Македонка која претходниот месец наполни 44 години позираше во минијатурен костим за капење во бела боја, кој повеќе од совршено стоеше на нејзиното исончано тело.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова која важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки, се пофали со своето беспрекорно извајано тело, без ниту еден килограм вишок и со перфектното издание уште еднаш ги воодушеви сите, впрочем како и што тоа го правеше и претходните денови.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Следуваа бројни коментари и пофалби на сметка на нејзиниот изглед, а сите се согласни дека изгледа неверојатно.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Повеќе од сигурни сме дека познатиот пар ужива на ова егзотично патување за кое очигледно издвоиле неколку илјади евра.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
А колку Гавазова е воодушевена од нејзиниот партнер, кој покрај тоа што е совршен сопруг и татко на нејзините ќерки, и за кого вели дека е вистински господин и џентлмен, дознајте во продолжение: