Гавазова ваква не сме ја виделе – се појави на плоштадот Македонија, ја соблече бундата и направи хаос
Пејачката блескаше во своето гламурозно издание
Нашата музичка ѕвезда Сузана Гавазова вчера за дочекот на Нова година настапи во Скопје и ја воодушеви публиката
Таа ги испеа своите хитови, а покрај Гавазова задно со Мерак Меана настапуваа и Блага Петреска, Стојне Николовска, Влатко Миладиновски и Душко Георгиевски, по што следуваше одбројувањето додека пред нив гостите ги забавуваа реперот Слаткар и Дарио.
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова за Нов година настапи на плоштадот Македонија во Скопје заедно со уште неколку свои колеги.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа ги воодушеви сите со својата музика, но и со необичното издание со кое одлучи да ја згрее публиката.
Имено, таа за оваа специјална пригода избра црвено издание, од глава до пети, а носеше и црвени ракавици.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката кога се појави на сцената направи спектакл, како со изгледот, така и со хитовите, а еден детаљ посебно ги изненади сите.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, таа целото издание го заокружи со огромен шал од пердуви, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Синоќа Скопје блескаше со љубов, топлина во срцата, позитивна енергија. Ви благодарам“ напиша пејачката на една фотографија на која во ова свое издание позираше со своите ќерки, а потоа на сите им ја честиташе Новата година.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Среќна да ви е новата 2024 година. Да сте живи, здрави и најдобри. Поздрав и од моите ќерки, Емили и Селена“, додаде Гавазова.