Вљубен до уши – погледнете како изгледаше Влатко Ѓорчев на својата свадба
Македонскиот политичар ја покажа својата романтична страна.
Влатко јавно ѝ изрази љубов на својата сакана на овој начин.
Таа му подари 4 деца, а тој не пропушта прилика и после 15 годин да ја потсети дека и понатаму е вљубен во неа.
ФОТО: Инстаграм / Владимир Ѓорчев
Во семејството на Владимир Ѓорчев секогаш е весело и динамично, а тој и неговата сопруга се пример како се одржува љубовта и покрај многуте обврски и недостигот на време.
Некогашниот пратеник, член на управниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ и секретар за меѓународна соработка на партијата, Владимир Ѓорчев е долги години во брак со Сузана.
ФОТО: Инстаграм / Владимир Ѓорчев
Во нивниот дом никогаш не е досадно. Плод на нивната љубов се четирите деца: Марта, Филип, Никола и Катерина.
Влатко вели дека со добра организација може да се најде доволно време да се посвети на семејството.
ФОТО: Инстаграм / Владимир Ѓорчев
Поглемиот дел од домашните обврски сепак ги завршува неговата сопруга, но и тој секако помага.
„Апсoлутно таа е најголемиот херој во оваа приказна. Сите комплименти за неа. Јас сум втората виолина, јас сум тандемот. Но , таа е најмногу се вложува себеси. Се надополнуваме. Се оди со заеднички сили“, изјави Ѓорчев во едно свое телевизиско интервју.
ФОТО: Инстаграм / Владимир Ѓорчев
Влатко многу често, и кога има, а и кога нема некоја посебна причина, знае да ѝ изрази љубов на Сузана преку социјалните мрежи.
Овој пат, по повод 15-годишнината од нивниот брак тој сподели фотографии од нивната свадба, но и од нивното семејство.
„15 години брак. Те сакам“, напиша тој во опис.