ВЉУБЕН ДО УШИ: Некогашниот директор на финансова со РОМАНТИЧНА ПОРАКА за својата сакана – Еве што и порача!
Сопругот на македонската мисица ја покажа својата романтична страна и ѝ напиша емотивна порака на својата сакана.
Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов важат за еден од најконтроверзните парови, но и најопопуларните и најозборуваните во изминатиов период.
И покрај турбулентниот период во нивната врска, некогашната Мис на Македонија манекенката Дунавка Трифуновска ужива во љубота со нејзиниот сакан, поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов.
Јавноста беше изненадена откако Дунавка за многу кратко време го смени нејзиниот брачен статус.
Објaвувањето дека се во врска, а за кратко време и во брак, за публиката беше шокантно.
Љубовта ја обелоденија пред две години и оттогаш медиумите не престануваат да пишуваат за нив.
Но, тие умеат и вешто да се скријат од фото објективите на папараците и најубавите моменти од животот да ги зачуваат во тајност.
Недoлго после објавувањето дека љубовта на крунисале со брак, Дунавка и Ване повторно шокираа.
Имено тие соопштија дека ставиле точка на врската и дека се разделуваат.
Сетo тоа беше медиумски проследено, а тие двајца долеваа бензин во огнот со своите статуси еден против друг на Фејсбук.
Турбулентниот период не траеше долго, па тие двајца повторно се смирија.
Оттогаш се неразделни и лудо вљубени, а тоа се гледа од фотографиите на социјалните мрежи.
По повод роденденот на неговата сакана, Ване одлучи да сподели ивна заедничка фотографија, а во опис да напише романтична честитка.
„На денешен ден, покрај други добри луѓе се родени и близнаци,.. машко и женско.
Челичната лејди, Dunavka Trifunovska е женското бебе кое што станало ангел.
Ангел од Бог испратен, кој што ми покажа нови духовни хоризонти, дека со силна љубов се е возможно“.
„Ти си таа која што ме инспирира, мотивира, и сака на најуникатниот префинет начин, а јас те сакам дупло, си знаеш љубов…
Нека ти е среќен роденденот, да го славиш уште многу децении, а секој нов роденден да бидеш се повеќе среќна и вљубена…”, напиша тој.
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуоновска