Вљубени како првиот ден: Еве како изгледа сопругот на Кате „Нели ти реков“
Изгледаат вљубени како првиот ден, а тој ѝ е најголема поддршка во сѐ што прави.
Пејачката Кате Танева Ѓоргиев не сака многу својот приватен живот да го експонира во јавност и се труди максимално да го задржи за себе.
Во јавноста е позната како Кате „Нели ти реков“ поради истоимената група со која настапуваше со години.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев
За неа многумина велат дека е „македонскиот славеј“ и е една од пејачките со најубав глас во земјава.
Има учествувано на многу фестивали, а зад себе има многу хитови.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев
„Запри дожду“ и „Никој ме нема така љубено“ се песните без кои не поминува ниту една прослава.
Освен што одлично пее, таа и како мала свирела и инструмент, односно мандолина и била дел од оркестарот во основото училиште.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев
На почетокот на својата кариера таа прво пеела забавна музика, а за пејачите кои пеат по ресторани и кафеани имала лошо мислење.
Малкумина знаат, но Кате имала можност да стане популарна во цела Југославија, откако хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ ѝ понудил да стане пејачка на популарната група „Магазин“, но не успеале да соработуваат.
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев
Кате ја имала таа среќа многу млада да го запознае својот сопруг кој до ден денес е нејзина најголема љубов. Она што е познато е дека тие живеат во скопската населба Припор и имаат две деца, ќерката Ларита и синот Марко.
-Со мојот сопруг заедно сме од 92-ра година, во врска бевме 7 години, на сите мои настапи беше присутен. Тој уште пред да ме запознае ми бил обожавател. Кога се запознавме не му беше верно.
Се роди љубов, 7 години бевме заедно. Многу луѓе мислат дека некој од колегите ми е сопруг, затоа што тој беше постојано е со мене. Јас не возам, имам возачка, но не возам, и мора тој да ме носи секаде.
Луѓето го забележуаат дека е на маса и сметаат дека ми е колега. 23 години сме заедно, имам голема среќа што ми е најголем поддржувач, имаме две деца, раскажа пејачката во едно интервју.
Повеќе фотографии од неа и нејзиниот сопруг погледнете во продолжение:
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев
ФОТО: Фејсбук / Катерина Танева Ѓоргиев