Реклама
Наши ѕвезди

Вљубени како првиот ден: Александра Илиевска од Брза кујна сподели романтична фотографија – фановите воодушевени

Реклама

Македонската водителка зрачи откако стана мајка.

Шармантната Александра Илиевска која народот ја засака како водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“ ги живее најубавите моменти во својот живот.

Маркетинг

Водителката се стекна со огромна популарност и публиката будно го следи секој нејзин чекор и сака да дознае нешто повеќе за неа.

Во јануари оваа година водителката се оствари во улога на мајка и на свет ја донесе својата прва ќерка Сара.

Маркетинг
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Досега сѐ уште во јавност нема објавено фотографија со лицето од својата ќерка, но понекогаш споделува семејни фотографии на кои се гледа дека и таа и нејзиниот сопруг зрачат од среќа.

Александра беше од оние трудници кои навистина уживаа во бременоста. Се чини како воопшто да не доби вишок килограми и многу брзо по породувањето се врати во форма. Не престана да биде активна на социјалните мрежи и постојано ги информираше фановите како тече бременоста.

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

Таа откри дека и покрај пандемијата и новонастанатата ситуација поради коронавирусот, бременоста ѝ поминала одлично.

Александра се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а породувањето го извршил д-р Горан Кочоски, кој ја следел целата бременост на водителката. Сопругот на Александра не присуствувал на породувањето, но водителката уште само десет минути по породувањето веднаш му испратила фотографија од бебето на Александар.

Првите сончеви зраци и почетокот на летото, сите ние се трудиме да ги искористиме да се прошетаме воприрода.

Александра деновите ги користи за прошетки во градкиот парк.

Оттаму и често споделува фотографии.

Она што на сите им падна во очи е тоа колку брзо водителката се врати во форма.

Мора да се признае дека Александра изгледа подобро од било кога. Линијата ѝ е доведена до совршенство и нема проблеми со килограмите.

Доказ за тоа е и фотографијата со нејзиниот сопруг на која таа позира во летно фустанче, а во опис напиша емотивна фотографија.

„Најсреќните моменти ми се кога сум со моето семејство“, напиша таа, а фотографијата е уште еден доказ дека таа и Александар се трудат да ја негуваат својата љубов секојдневно.

Водителката во едно свое интервју откри зошто таа и сопругот се одлучиле за името Сара.

„Имавме неколку имиња кои ни се допаѓаа и многу бевме неодлучни. Старосватицата ми подари и книга, речник на лични имиња за да имаме повеќе инспирација, па така имавме пет имиња кои ни беа во потесен избор, но сопругот сепак остави на мене.

Кога се породив и ја имав во раце првото име кои ми дојде да и го кажам беше Сара, таа е наша мала слатка принцеза.

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

„Симпатично беше дека некои од пријателите не зезаа за избор на некои од имињата, но кога им ја пративме на слика беше преубава реакцијата дека кое име и да сме го одбрале таа ќе го украси со својата убавина.“

„И навистина е така, самата личност го прави името кое детенцето со својот карактер и харизма го краси“, кажа Александра.

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

Таа се труди да ужива во секој момент кој може да си посвети и лично на себеси. На Инстаграм сподели фотографија преку која откри како таа одмора во слободно време.

„Време е за одмор. Зеленило и добра книга, храна за очите и умот“, напиша таа.

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

Но, најубаво поминато време секако е со нејзината Сар. Среќата е поголема кога се дели, а таа ја дели со воите пријателки.

Во една објава на Инстаграм на која се таа и нејзината другарка на прошетка со Сара, во опис напиша цитат од Коко Шанле:

„Девојката треба да биде две работи: елегантна и феноменална“.

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

ФОТО: Александр Илиевска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button