Вљубени до уши: Македонската Моника Белучи и Михаил уживаат во ЗАЕДНИЧКИТЕ МОМЕНТИ – еве што ги спојува најмногу!
Презентерката Татјана Стојановска до уши е вљубена и ужива во љубовта со нејзиниот партнер.
Татјана е лицето кое секојдневно го гледаме на малите екрани, кое со години е една од најдобрите во својата професија, личноста која ни ги соопштува дневните вести од земјата и светот, и која нашите гледачи ја обожава.
Освен што е најдобра во својата работа, таа е и една од најубавите жени на ТВ сцената.
Во петтата деценија од животот мора да се признае дека Татјана изгледа подобро од било кога. За оваа водителка годините се само бројка и ништо не ѝ можат.
Татјана по бракот со Благоја повеќе никогаш не се омажи, но со својот партнер Михаил Китановски кој работи како маркетинг консултант, а со кој е заедно веќе 8 години, како што вели самата, живеат како во брак.
Водителката откри дека се запознале на одмор во Турција пред 8 години и полека нивната пријателска дружба преминала во сериозна врска.
Како што самата вели во ова свое интервју, со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред се љубовта.
Во емисијата „Еден на еден“ тие зборуваа за својата љубов, а Михаил ја изненади Тања со романтично видео.
Тања откри дека таа е балансерот во нивната врска.
„Да, да тој секогаш вика, ти си балансерот. Таква сум малку, како совеста. Се нешто така јас правдам, балансирам… Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.“
„Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно“, заклучи Тања.
Тој по потреба, јас по потреба, Па, тука и се согласуваме, со истиве работи, со исти вредности, со исти ставови за животот…
Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставност…
Уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист.
Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите околу него. Бевме на многу патувања благодарение на него и сега ми вика:
Е, кога ти викав да одиме да шетаме, а сега во ко ронава, кај ќе шетаме“, раскажа Татјана.
Дека парот ужива во патувањата зборуваат и фотографиите на нивните социјални мрежи.
Една од нив е и насловната фотографија кај Михаил на профил на која парот е на патување во Загреб.
Пред Михаил, Татјана неколку години беше во брак со фолк-пејачот Благоја Груевски со кој го имаат синот Матеј.
И покрај разводот, кој се случи пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг.
Она што најмногу ги врзува е нивниот син, кој порасна во прекрасно момче.
Познатата спикерка често на социјалните мрежи знае да потенцира дека нејзиниот син е нејзината гордост.
Матеј исто така е близок со својот биолошки татко, но и со со неговиот полубрат, детето на пејачот од неговиот втор брак.
Иако имаат само заеднички татко, тие се како вистински браќа.
Македонската Моника Белучи
Татјана плени со својот глас, отменост и изглед на кој може да позавидат и помладите колешки.
Својата кариера ја започна во далечната 1992 година кога победи и ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија.
Она што може да се забележи е дека Татјана минимално се има изменето од почетокот на кариерата досега. Ретко експериментира со изгледот, промени кај неа може да се забележат само во должината на косата.
Водителката ретко споделува фотографии од приватноста, но понекогаш знае да изненади и да ги почести фановите со интересни објави. По повод 66-от роденден на нејзината мајка таа сподели нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи, во чиј опис напиша „Среќна да си ми“.
По фотографијата може да заклучиме дека гените за убавина, водителката дефинитивно ги наследила од својата мајка.