Реклама
MAMAСекс

Вљубена сум во двајца мажи истовремено – во мојот сопруг, но и во неговиот најдобар пријател

Реклама

Колумнистката Суна Дејд Сандерс, на жената која се прашуваше што се случува со нејзиниот љубовник, ја советуваше да ја пренасочи енергијата што ја вложи во аферата во обид да го поправи својот брак.

Фото: Истаграм

„Почитуван Дејд, имам афера со најдобриот пријател на мојот сопруг, некои велат дека е невозможно да се сакаат двајца, но велам дека е можно. И сигурна сум во тоа. Со мојот сопруг сме во брак 18 години и имам 44 години. Со неговиот најдобар пријател се гледам последните 6 месеци.

И неговиот пријател е оженет, и сè започна кога почнав да му раскажувам за нашите брачни проблеми. Тој дојде до кај нас за да се види со мојот сопруг, но тој не беше дома. Го прегрнав, а пота следуваше бакнеж и не можевме да застанеме.

Маркетинг

Кога сакаме да водиме љубов, одиме на некое место подлакеу и имаме секс во неговиот автомобил. Јас обично му кажувам на мојот сопруг дека одам кај мојата другарка за некој рецепт или одам да ја видам мајка ми.

ljubov

Маркетинг

Никогаш не сум сторила такво нешто. Од друга страна тоа ме прави сигурна и пожелна. Но, веќе некое време, ми се чини дека само јас го барам мојот љубовник. Тој ми кажа дека е зафатен и дека не можеме да се видиме, но дека би можеле да се обидеме следната недела.

Кога го прашав зошто, тој ми кажа дека сака да ги види децата пред спиење. Го гледам него и другите пријатели, но тогаш не можам да кажам ништо, бидејќи обично и мојот сопруг е со нас. Поради сето ова, дури и ослабев, иако луѓето велат дека изгледам добро и многу секси.

Го прашав мојот љубовник дали треба да ја завршиме афера. Тој ми кажа дека не треба на тоа ни да помислувам и дека ќе најде време за да се видиме.

Не барам ништо од него. Не сакам пари или подароци. Сè што сакам е да ме сака и да ме види кога може. Дури му понудив да направам естетски зафат за да изгледам подобро, но тој ми рече да останам лојална кон себеси.“

Еве што и одговори новинарката:

„Звучи како нешто да се случило и има некоја промена. Можеби неговата сопруга почна да се сомнева. Всушност оваа врска не ве води никаде и ризикувате сè за толку малку.

Размислете за вашиот живот, вашите потреби и вашите чувства. И размислете за чувствата на вашето семејство. Дали вашиот брак стана здодевен затоа што веќе немате секс со сопругот? Ако е така, инвестирајте енергија од афера назад во вашиот однос со твојот сопруг. Разговарај со него. ”

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button