Вчера си го испратив детето за Америка, а на аеродромот толпа луѓе како на времето на железничка кога не испраќаа во војска. Само што овие нема да се вратат …
Се сретнав вчера со пријателот.
На прв поглед, беше јасно дека нешто необично се случува бидејќи од неговиот поглед се гледаше вознемиреноста. Знаеше дека разговорот ќе биде поврзан со него па веднаш почна да разговара за тоа што го мачи.
„Вчера си го испратив детето за Америка. Таа веќе ми испрати неколку слики, но ја немаше утрово дома за да ја бакнам пред да заминам на роабота…. Не ме сфаќај погрешно, не ми е проблем што таа со просек од 9-ка на факултет замина за Њујорк да смие чаши, некаде, и јас и се восхитувам како собра храброст и направи таков чекор, што го зеде својот живот во свои раце. Но, пријателе, ова навистина боли. Боли кога ќе одите на аеродромот. И има толпа луѓе, фамилии кои се испраќаат како на времето кога на железничка не испраќаа во војска. Ние одевме и се враќавме, а овие одат и не се враќаат. Гледам во тоа толпата луѓе, и срцето ми се стега: по ѓаволите што правам јас, моето дете е супер студент, па зашто си заминува од тука? Па зарем ова не е нејзиниот дом? Една жена на аеродромот ми рече дека со овој авион, патувале и политичарите до Брисел. Тие ќе имаат нешто да побараат од Брисел, тоа ми паѓа на ум, додека авионот е полн со паметни глави кои заминуваат од Македонија. Одат за да никогаш повеќе не се вратат, пријателе мој… ”
Што можам да му кажам на овој огорчен човек, навреден…. Што треба да се каже во оваа ситуација, каде што е изгубено значењето и смислата на работите?
Нека Бог ги чува сите наши деца каде и да се. Нека даде ум и разум, сè што им треба, каде што се, кога тие не се со нас …