Вчера прв пат се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и растури со својот глас – ЦЕЛИОТ БАЛКАН зборува за оваа млада пејачка (видео)
Со песна од Уснија Реџепова направи хаос во студиото
Зорја Пајиќ има само 24 години и вчера го подигна жирито на нозе кога се појави на познатата сцена.
Младата пејачка во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ настапи со песните „Животе мој“ од Уснија Реџепова и „Танго“ од бендот „Негатив“.
Шармантната Зорја ја воодушеви публиката и ги крена сите на нозе со својот феноменален глас, како и претставниците на жирито, додека Саша Поповиќ се пошегува дека може да бира на кого ќе му биде менторка.
„Тука ѓ*волcките сили вмешаа прсти. Ти девојко не си од оваа планета“, коментираше Карлеуша, а нејзиниот колега, Ѓорѓе Давид, кој исто така беше воодушевен, додаде:
„Оваа девојка, која вака пее, завршила Академија и по мое мислење на овој натпревар му даде значење и дојде да покаже дека ова тука навистина вреди“, изјави тој.
Инаку со Зорја на големата сцена се бореше кандидатот на Марија Шерифовиќ, Мустафа Мехиќ (20), кој беше стандардно одличен, за разлика од Зорја која е ново откровение во шоуто. И двајцата добија максимален број на гласови, со што продолжуваат во следниот круг, а Зорја на крајот од шоуто изјави дека нема да го менува својот досегашен ментор Александар Милиќ Мили.
Која е Зорја и што значи нејзиното име?
Зорја е омажена за помладиот брат на актерот Милан Пајиќ, кој публиката го обожава по неговите генијални улоги во новите популарни српски серии.
По нејзиниот генијален настап многу медиуми во регионот веќе објавија дека оваа девојка е еден од најсериозните кандидати за победа во популарното шоу.
Инаку, додека Зорја пееше во бекстејџот се наоѓаа нејзините брат и сестра, а Карлеуша ја интересираше како натпреварувачката го добила името.
„Од каде инспирацијата за името Зорја, никогаш не сум го слушнала“, ја праша Карлеуша сестрата на пејачката.
„Зорја е божица на убавината, словенска“, одговори таа.
Како звучеше Зорја, погледнете на крајот од текстот.