Реклама
Вирално

Вчера беше посебен ден за оваа девојка со Даунов синдром од Тетово – попреченоста не е пречка за успех, Нина ги урива стереотипите!

Реклама

Девојката со Даунов синдром од Тетово, Нина Костовска, доби награда од претседателот Пендаровски.

Фото: принтскрин/ Јутјуб, Лица 1ТВ

Претседателот Стево Пендаровски во својот кабинет им се заблагодари на младите луѓе кои добија признанија за нивниот успех, со кој придонесуваат кон успехот на Македонија…

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, им додели признанија на седуммина млади од Македонија кои во 2021 година постигнале извонредни резултати.

Станува збор за признанието „Успешни млади“ што секоја година го доделува претседателот на Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.

Маркетинг

Признанието се доделува веќе 35 години, а оваа година меѓу наградените е и Нина Костовска од Тетово, девојката со Даунов синдром од кампањата на УНИЦЕФ од пред неколку години „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?“. На Нина од страна на претседателот ѝ беше доделено признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата, затоа што низ личен пример покажува дека попреченоста не е пречка за успехот и ги урива стереотипите во македонското општество.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Покрај Нина признание за „Млад талент“ од претседателот доби и нејзиниот сограѓанин, Македон Димитровски, ученик од третото одделение во основното училиште Лирија од Тетово. Тој иако не е средношколец, за него беше направен исклучок и од страна на претседателот беше награден заради неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија за што има добиено бројни награди.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Од истата категорија награда доби и средношколецот Алексиј Тасиќ кој освои бројни златни и сребрени награди на државни и меѓународни натпревар и олимпијади по математика, физика и хемија.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Во останатите категории беа наградени д-р Виктор Стојкоски, како најдобар млад научник во општествените науки за минатата година, потоа м-р Иван Антоновски како поет и есеист, д-р Андреј Ристески како најдобар млад научник во природно-математички и технички науки, додека д-р Гордана Георгиева беше наградена како најдобар млад научник во медицинските науки.

Признание доби и талентираната актерката Наталија Теодосиева како најдобра млада уметница за 2021 година.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Инаку, Нина, девојката со Даунов синдром од Тетово, пред неколку години учествуваше во видео кампањата на Европската Унија на УНИЦЕФ „Биди фер – за детство без пречки“, со која сакаше да покаже дека и лицата со пречки во развојот се способни и можат да придонесат за развојот на општеството. И беше мошне успешна во тоа. Таа во меѓувреме дипломираше македонски јазик и книжевност, а учествуваше и на неколку работилници во кои обучуваше учители и наставнички како да работат со деца со пречки во развојот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Нина од пред две години работи во библиотеката на владата, а претходно им помагаше на родителите во нивната аптека.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

„Мојот татко е фармацевт, а мајка ми психолог. Тие создадоа лек што се состои од безусловна љубов и безрезервна поддршка. Толку е едноставно, но не и незамисливо, а многу е ефикасно. Дури и целиот свет да ви каже дека вашето дете е отпишано, не отпишувајте го никогаш, тоа се е ви надомести“ изјави Нина на својот победнички говор на ораторските вечери во 2017 година.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Стево Пендаровски

Поврзано

Back to top button