Реклама
Вирално

„Вчера бев да се шишам кај Фуфо у Кисела вода, а пред мене момчето најави дека се шиша и дека е таксан да му ја здува во туѓина …“

Реклама

Приказни од булеварот …

Текст што го сретнавме на Фејсбук и кој не остави без зборови, па затоа решивме да ви го пренесуваме во целост …

Маркетинг

„Вчера бев да се шишам кај Фуфо у Кисела Вода и пред мене едно момче најави дека се шиша и дека е таксан да му ја здува во туѓина. Детево што шиша кај Фуфо вика :Абе брат… ти си од сабајлево четврти што ми најави дека заминува и дека ова му е последно шишање во овој дуќан. За момент во салонот настана некој молк. Некоја тага и лутина ме притисна.

А каде е мајстор Фуфо? – Го прашав. Работиш сам а гледај колку гужва има. Ми посочи дека едно од децата што работело кај нив исто така заминало во странство и дека морал да работи сам. – Како тргнала работата, ја ќе бидам тој што ќе го угаси светлото во оваа држава и ќе го удри последниот клуч на оваа врата каде што влегле и излегле. Се прашав, ако е во Скопје вака, во урбаната Кисела Вода, како ли е во Делчево, Свети Николе, Радовиш…. или горе накај Куманово…. Паланка? Во еден момент ми дојде еден бес. Таков што кога би бил моќен би се качил во еден бомбардер Б 52 и би ги истурил сите бомби над оваа држава од Гевгелија до Куманово.

Маркетинг

Политичари, атомска бомба не може да уништи еден народ и една држава како вие канцери, паразити едни, вечни функционери, лапачи, тендераши, фотељаши, што со вашите патни трошоци бркате десет деца на ден од главниот град на државава. Дали детето на Ласкова, на Мира Дизел, или претходно на онаа Бонева, слични на нив, трепат за својата иднина како момчето што шиша кај ФУФО? Толку сте неспособни а толку често гласани, љут сум и на луѓето тука. Фамилии ви растурија овие крлежи! Имаме во Македонија ефект како да сме во граѓанска војна веќе десет години, со стотици илјади бегалци по Малта, Германија…. секаде….. Нема прогрес и нема да има се додека ги повторувсме грешките и играме на нивните ноти. Оваа држава умира. Младите бегаат, во банките и продавниците само стари лица….

Делете се вие на Северџани и патриоти…. За процент плус кај оние кои ни ја ебаа мамата…. Северна Македонија????? Премија е за нас…. Ја би ја нарекол ЦЕНТРАЛНА БАЛКАНСКА РЕПУБЛИКА!!!! Ни М да нема од Македонија…. Го срамиме тоа име…. Им клечиме и им молчиме на криминалци…. Нив ги молиме за трошки….Оние кои своите деца ги лечат по приватни клиники а нас ни продаваат бајки за здравство достапно за сите, каде луѓе умираат како кучиња!

Кога овој народ ќе стане ДЕМОС? Кога ќе научи дека слобода и правда со пенкало не се добива? Кога ќе заигра стапот во нивниот двор? До кога ќе игра во нашиот????“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button