„Вујче мој, само јас и ти си знаеме зошто баш оваа песна“ – пејачот Огнен Здравковски новата песна му ја посвети на Зоран Џорлев
Огнен Здравковски по натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ сними неколку песни кои се слушаат како кај нас, така и во Србија.
Младиот пејач овој пат се претстави со една од најубавите балади на овие простори.
Во прашање е песната „Душо моја“ од Кемал Монтана која што Здравковски ја посвети на својот вујко Зоран Џорлев кој прерано го изгуби животот како последица од вирусот корона.
Огнен беше многу приврзан со Џорлев и за него самиот вели дека му бил како втор татко.
„За вујко ми ќе кажам дека тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми беше вујко.“
„Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“ изјави Здравкоски за својот вујко.
Огнен во објава на својот официјален профил на социјалните мрежи објасни и зошто ја избра баш оваа песна и со емотивна порака му се обрати на својот вујко.
„Драги мои, сите знаете изминатиов периодов ми се случи нешто што најмалце го очекував…
По*ина мојата најголема поддршка и идол, мојот вујко Зоран Џорлев… После неговата смрт направив подолга пауза, се повлеков, со пеењето и мојата кариера, но еве сега се решив да се вратам, да снимам и да извадам нешто ново…
Направив преработка на една преубава песна од Кемал Монтено – ‘Душо Моја’ и како што имав најавено претходно, ја посветувам на него. Вујче мој, јас и ти си знаеме зошто баш оваа песна и знам дека ќе ја слушнеш и ќе ја видиш таму негде од горе, а вие слушнете, видете и се ќе ви стане јасно…“ напиша Огнен на својот Инстаграм профил.
Тој исто така не заборави да ги спомени и да им се заблагодари и на сите што учествуваа во овој негов проект.
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски