Вукичевиќ го прослави роденденот во издание со кое никого не остави РАМНОДУШЕН – ќе се изненадите и од нејзината сестра
Популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ на 20 јули го прослави 59 роденден.
Но на фотографијата што ја објави изгледа дупло помладо и ги воодушеви сите.
Вукичевиќ блескаше во цветниот фустан со длабоко деколте и шлиц, додека тесната креација ја истакна нејзината половина и облините на кои никој не остана рамнодушен.
Животот на секому му подари одредена улога што треба да ја одигра колку подобро умее, ако сака филмот да успее, напиша актерката и им се заблагодари на желбите.
Таа позираше со цвеќе во рацете, а на фотографиите изгледа минимум два пати помладо.
Само да потсетиме, Лидија ужива во љубовта со 10 години помлад сликар од Италија, а неодамна откри и детали од нивната врска и како ја одржуваат љубовта на далечина.
„Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не ви е досадно, секогаш ви е убаво. И секој пат кога ќе се видиме како да е прв пат“.
„Кога сте постојано заедно, многу работи се откриваат, на површина излегуваат и нешто што можеби не би сте го сакале. Навиката ја убива љубовта“.
„Кога партнерот ќе ми стане како брат, време е да заминување“, изјави Лидија во една пригода.
Инаку, малкумина знаат дека шармантната актерка има родена сестра која ретко се појавува во медиумите.
Марина е се експонира јавно, но кога актерката ја закачи нејзината фотка на Инстаграм, многумина беа изненадени од тоа колку тие две неверојатно личат.
Внимание привлече и пораката што актерката со препознатлива црна виткана коса и ја напиша:
„Сестра – именка без заменка. Ти благодарам што ме поддржуваш кога не сум во право, ти благодарам што ме браниш и правиш да бидам посилна. Ти благодарам што ме тераш да се смеам кога се муртам, ти благодарам што ме враќаш на вистинскиот пат кога ќе ја изгубам мапата. Ти благодарам што си тука, те сакам“, и порача Лидија на својата сестра во една пригода.
Лидија е мошне активна на Инстаграм и речиси секојдневно објавува сви фотографии.
Но и покрај тоа што е позната во целиот регион, многумина се изненадени кога ќе слушнат дека е на прагот од седмата деценија, посебно што на фотографиите изгледа поприлично помладолико од повеќето свои врснички.
Таа често истакнува и дека нема направено ниту една операција на себе, туку негува природен изглед.
Некои од нејзините најубави фотографии од Инстаграм погледнете ги во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ