Врне снег во Австрија – еве кога и во Македонија ќе пристигне снегот и вистинската зима
Во Австрија падна првиот снег. Првиот снег оваа година пто падна надвор од планинските масиви. На социјалните мрежи беа објавени бројни фотографии на кои се гледаат улиците завиткани во снег.
Според најавата на метеоролозите од светски познатата страница „AccuWeather“, периодот до крајот на ноември во поголемиот дел од територијата на Македонија ќе биде еден од најтоплите во овој дел од есента.
Па така до крајот на оваа недела не очекува сончево и умерено облачно време со повремени дождови (среда). Дневната температура ќе се движи околу 17 степени Целзисуови, а некои денови и преку 19 степени што се поприлично високи температури за овој период од годината.
Веќе од следната недела, односно од понеделник (18.11. 2019) ќе дојде до влошување на времето и температурите ќе почнат полека да се спуштаат, па така дневните ќе се движат околу 15 степени и полека ќе паѓаат во текот на следниот период, додека вечерните ќе се движат нешто под 5 степени.
Времето ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди, а локално ќе има и позначителна облачност и тоа особено при крајот на следната недел. Сепак поради пониските температури, за разлика од претходниот период кога се шетавме во куси ракави, ќе треба да носиме капути и потопла зимска облека, посебно во вечерните часови.
Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди а локално ќе има и позначителна облачност и тоа особено во недела попладне и навечер кога особено најпрвин на запад се очекуваат повремени врнежи од дожд од локален карактер, вели познатиот метеоролог Славчо Поповски.
Според прогнозата на метеоролозите на „AccuWeather“ првиот минус во Македонија ќе падне на почетокот од декември во вечерните часови, а во текот на првата недела од декември треба да очекуваме да падне и првиот снег.
Во тој период, па се до крајот на месецот дневната температура ќе биде под 10 степени, а утрата ќе бидат студени.
Поинтензивни врнежи од снег во Скопје според „AccuWeather“ се очекуваат во средината на следниот месец.