Времето со го прави своето, нема да го препознаете – Ламбе Алабаковски целосно променет, не личи на себе во ова издание!
Беше една од најголемите ѕвезди на „М2 – Потрага по ѕвезди“ но поради љубовта замина од Македонија.
Ламбе Алабаковски имаше супер старт на музичката кариера и баш кога се чинеше дека неговата кариера оди во нагорна линија тој се ожени и замина да живее во Америка.
На јавноста ѝ стана познат по победата на музичкиот натпревар на М2 продукција „Плеј – потрага по ѕвезди 2004“, а оттогаш, па досега Ламбе се промени, па за многумина е тешко да го препознаат.
Многу јасно дека времето го прави своето, па слабото, високо, симпатично, насмеано момче од Љубојно, повеќе не изгледа исто.
Иако не е многу активен на социјалните мрежи, последната објава на Ламбе покажува дека тој веќе е созреан маж.
Неколку килограми плус одлично му стојат, но едно е сигурно, препознатливата и шармантна насмевка сè уште е иста.
Со помалку коса, но повеќе искуства Ламбе е татко на две деца, Михаил и Димитриј.
Во 2013 година Ламбе се ожени со својата сопруга Магдалена.
Магдалена ја запросил на традиционален начин, на празникот Голема Богородица, пред манастирот „Свети Јован Бигорски“.
„Купив прстен од Битола и ја планирав свршувачката цел месец. Не сакав да биде ништо класично и веќе видено како, на пример, викенд во Венеција и свршувачка во гондола. Сакав да има духовна вредност и да биде во манастирот кој ми е особено драг и каде што се наоѓа мојот духовен отец“, раскажа Ламбе во едно интервју.
Неговата сопруга по потекло е од Битола и пред за се омажи со Ламбе, живеела во САД. Љубовта му го смени целосно животот. Само поради љубов, Ламбе одлучи да се откаже од сè, ги спакува куферите и замина во Америка.
Се чини дека тој целосно се откажа од музиката и настапите и сега живее мирен и повлечен живот. Во Америка работи како обезбедување на аеродром.