Времето лета: Актерот Лазар Бараков со своите две убавици – во која човек попрво да гледа
Македонскиот актер сподели фотографии со своите две убавици.
Првата мисла што ќе ви дојде на памет е „колку брзо минува времето“.
Генерацијата на 90-тите растеше со ликот на актерот Лазар Бараков и неговото име буди само убави спомени кај сите нас.
ФОТО: Фејсбук / Лазар Бараков
Тој беше дел од првата постава актери кои глумеа во Македонските народни приказни.
Овие приказни нѐ навраќаат во детството и будат само убави спомени кај нас.
ФОТО: Фејсбук / Лазар Бараков
Шенка и Ѓорѓи Колозови, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Лазар Бараков се хероите од нашето детство.
Од цар до слуга, будала и аргат, Лазар имаше различни улоги во приказните.
Денес тој ја гази седмата деценија од животот и ужива со сопругата Лилјана и нивните три деца, Македонка, Викторија и Александар.
На својот Фејсбук профил често знае да сподели и семејни фотографии, а со последните ги воодушеви сите.
ФОТО: Фејсбук / Лазар Бараков
Едната е направена во неговата младост, додека Македонка и Викторија се малечки, а на втората тој позира исто така со своите две ќерки, но сега тие се девојки, вистински убавици.
Македонка е мажена и живее во Германија, додека Викторија го освојува светот како стјуардеса.