Реклама
Наши ѕвезди

Врањеш од Карлеуша бара да му плати 100.000 евра оштета? Пејачката побеснала кога ја слушнала понудата од адвокатите

Реклама

Дали Јелена ќе му даде пари на фудбалерот?

Огњен Врањеш побара од Јелена Карлеуша 100.000 евра за да ги повлече обвиненијата кои на почетокот од годината ги поднесе заради заканувањата што ги доби од неа преку социјалните мрежи. Како што пренесуваат српските медиуми, Врањеш преку својот адвокат и порачал на Карлеуша да подготви пари и да ги тргне обвиненијата па ќе заборави дека постои. Според изворот, а како што пренесуваат српските портали, оваа понуда ЈК ја доживеала како крајно непристојна, па категорично ја одбила.

Маркетинг

Адвокатските канцеларии што ги застапуваат, наводно, со месеци се обидуваат да пронајдат решение за нивните странки да можат да ги средат нерасчистените сметки и да го избегнат рочиштето кое би било жестоко. Адвокатот на Огњен успеал да го убеди да ги каже условите под кои би ја повлекол тужбата, но тоа дополнително ја изнервирало Каршеуша. Контроверзниот фудбалер од неа побарал 100.000 евра за да ги повлече сите обвиненија против неа.

Маркетинг

Но како што пренесува „Курир.рс“, Јелена полудела кога го слушната тоа. Кажала дека ни на крај памет не и паѓа да му даде пари и дека ќе го гони и до судниот ден ако треба. Како што пренесува изворот, таа му порачала дека попрво би ги запалила парите, отколку да му ги даде нему.

Следното рочиште е закажано за во септември кога ќе треба да е соочат очи во очи. Јелена инаку на секој судски повик редовно се јавува, освен кога е Врањеш во прашање.

Интересно е и тоа што досега ни Карлеуша ни Врањеш се немаат огласено во врска со овие наводи

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button