Во цутот на младоста – погледнете како изгледаше Шенка Колозова во најубавите години од животот
Времето лета, но нејзините дела ќе се паметат вечно.
Македонската царица целиот живот го посвети на глумата.
Името Шенка Колозова асоцира на безгрижно детство, спомени од едно време кога сѐ делуваше едноставно и лесно.
ФОТО: Фејсбук
Шенка е родена Добрево, пробиштипско на 1 февруари 1947 година.
Денес е актерка во пензија, најпозната по улогите во Македонските народни приказни.
Децата кои растеа во 90-тите со нетрпение очекуваа нова епизода од македонските народни приказни на телевизија.
ФОТО: Фејсбук
Шенка со глума почнала да се занимава уште на 18 години, во штипскиот театар, потоа во кумановски и на крај во Македонскиот народен театар во Скопје, каде и се пензионирала.
Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“.
Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија.
ФОТО: Принтскрин
Со нејзиниот сопруг, Ѓорѓи Колозов беа неразделна двојка и на сцената и во животот.
Пензинерските денови ги поминува во својата куќа во охридското село Велестово. Таму таа одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, коси трева, сече дрва и ужива во природата.
На фан страната на Ѓорѓи Колозов на Фејсбук беа објавени фотографии од Шенка во цутот на младоста, односно во најубавиот период во животот, во 1987 година кога била на врвот на својата популарност.
Погледнете како изгледала: