Реклама
Вирално

Во Храмот Свети Сава во Белград се продаваат луксузни чанти? МНОГУМИНА ШОКИРАНИ од цените во црковната продавница

Реклама

И покрај високите цени, новите чанти од колекцијата Мозаик се продаваат како алва!

Во обновениот Храм Свети Сава во Белград од 1 октомври за туристичките групи се наплатува влезница. Цената е симболична, 300 денари, но тоа не е единственото нешто што ги изненади граѓаните.

Маркетинг

Имено додека едни го осудуваат овој потег на црквата, други немаат ништо против и потсетуваат дека влезница за туристи се наплаќа во повеќето верски објекти во светот и тоа не е никаква новина. Но она што посебно ги изненади сите е продавницата која што се наоѓа во самата црква во која покрај икони и бројаници можете да купите и чанти.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Вo прашање е луксузна женска кожна чанта од ексклузивната колекција „Мозаик“ која чини 20.500 динари или околу 10.000 денари.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Како што пренесуваат медиумите, и покрај високата цена, оваа чанта е мошне барана, и тоа најмногу од страна на туристите.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Жените купуваат и марами за црквата, но се трошат и машките вратоврски, како и пијалаците што ги купуваат за подароци.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Храмот има и своја онлајн продавница преку која можат да се порачаат сите работи што се продаваат во црквата.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Па така една метална икона од Богородица може да се купи за речиси 40.000 денари, додека Библијата чини околу 15.000..

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Погледнете ги цените и на останатите производи што се наоѓаат во продавницата во склоп на Храмот.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Оваа чанта постои во неколку големини и бои, како и марамите кои ги има во неколку различни димензии.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Во продавницата има и машки вратоврски, а еден од овие модели носеше и Џони Деп на судењето со Амбер Херд.

Имено, тогаш „пиратот од Карибите“ се појави со специфичната вратоврска декорирана како мозаикот што го има во храмот, а познатиот актер ја носеше како амајлија која очигледно му донесе среќа на судењето.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

„Вратоврската Мозаик е дек од истоимената колекција и изработена е од природна свила, додека инспирацијата е од деталите од мозаикот во Храмот Свети Сава“, пишува во описот на овој производ на сајтот.

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Фото: Принтскрин/ hramsvetogsave

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button