Во Турција се случуваат чуда што даваат барем малку надеж – двајца ТИНЕЈЏЕРИ по цела недела извлечени од под урнатините
Според последните официјални податоци разорниот земјотрес што го зафати овој регион однесе повеќе од 36 илјади луѓе.
Вистинско чудо се случи кога во градот Адијаман, кој се наоѓа на југот од Турција, под рушевините на една зграда спасувачките екипи успеале да го извлечат 13-годишниот Берат Јучел кој се наоѓало под рушевините 207 часа откако разорниот земјотрес го погоди ова место на 6 февруари.
Младото момче било спасено под рушевините во квартот Алитас во самиот центар на градот, а самото чудо се случи 207 часови по земјотресот.
Веднаш по спасувањето на момчето му беше укажана неопходна медицинска помош, а спасувачките екипи продолжија со својата макотрпна работа за откривање и извлекување на луѓе под урнатините.
Иако времето се помалку е нивен сојузник, овие храбри луѓе не се откажуваат и токму благодарение на нивната голема пожртвуваност се случуваат вакви чуда.
Имено, само неколку часа претходно беше извлечен и 18-годишниот Мухамед Чафер Четин, кој исто така под урнатините беше повеќе од цела една недела.
Спасувачките екипи не ја губат надежта и одлучно продолжуваат да трагаат под рушевините на разрушените градови.
Во разорните земјотреси што го погодија овој регион, според досегашните официјални податоци, животот го изгубиле повеќе од 36 илјади луѓе.
#SonDakika ? #Adıyaman’da 13 yaşındaki Berat Yücel, 207 saat sonra enkazdan kurtarıldı.pic.twitter.com/cyiWLgpm8j
— Impact (@impacttr) February 14, 2023
Надлежните институции и во двете земји – Сирија и Турција – кои беа погодени од земјотресот, стравуваат дека црниот биланс ќе биде поголем.
Бонус галерија
Целиот свет им се сруши пред очите
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб