Во стан од 23 квадратни метри сместени 4 соби: Генијално решение за мали простори! (ВИДЕО)
Овој целосно функционален стан има сè што ви треба за живеење: кујна, дневна соба и спална соба, како и бања.
Кога имате стан од 23 метри квадратни, се чини дека не е можно да ви одговара на сите потреби, но оваа двојка од Австралија покажа дека со добар распоред и малку креативност, можно е да имате целосно функционален стан.
Никогаш не би помислиле дека е толку мала со оглед на идеалното искористување на просторот. Ова можеби ви звучи нереално, но ќе бидете убедени кога ќе го погледнете видеото.
Кога ќе влезете во станот, на прв поглед се чини дека има само дневна соба и купатило од лево. Меѓутоа, кога завесата се разделува, зад неа се крие голем гардеробер, како и кревет на расклопување.
Кога е темно и креветот се спушта, оваа соба се претвора во спална соба. Завесата е поставена така што ќе може да се движи низ целата просторија и, доколку е потребно, да ја затемни просторијата кога сонцето е светло.