Во среда е тежок празник – една работа никако не правете ја на Свети Јован
Македонската православна црква и верниците во среда, на септември го одбележуваат Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител.
Овој празник во народот е познат и како есенски Свет Јован. На овој ден се практикува строг, сув пост, каде не се јаде ништо црвено, а препорачливо е да се јаде само грозје и леб.
На овој ден не се зема нож во рака, а се води сметка да не се јаде домат, пиперки или црвени јаболки, затоа што сѐ што е црвено потсетува на крвта на Свети Јован.
ФОТО: МПЦ
Смртта на свети Јован се случила пред Пасха, а празнувањето на 11 септември е востановено затоа што на тој ден е осветена црквата што на неговиот гроб ја подигнале во Севастија светиот цар Конастантин и неговата мајка, светата царица Елена.
Кај народот овој празник има долга традиција и спаѓа во групата на големи и тешки празници, кои особено се почитуваат.
ФОТО: МПЦ
Се избегнува секаков вид на работа, и надвор и внатре во куќата.
На овој ден целото семејство пости, а народот се собира во храмовите на литургија.
Постои верување и дека на овој ден од раката треба да се отстрани дури и црвен конец, кој според суеверието носи среќа во другите денови.