Во прегратките на мама е НАЈУБАВО – нови фотографии на Евгенија Марковска со нејзината ќерка што ќе ви го разубават денот!
Таа сподели прекрасен момент со својата наследничка Катарина со кој на многумина им ги стопли срцата.
Поранешната манекенка Евгенија Марковска на својот Инстаграм профил сподели неколку прекрасни фотографии.
На фотографиите таа се гушка со својата наследничка кој што го доби од бракот со инфектологот др. Вело Марковски.
Евгенија се породи на самиот почеток од минатата година, а покрај ќерката со вело го имаат и синот Павле.
На фотографијата Катерина ужива во прегратките на својата мајка, на која пак на лицето и се познава среќа.
Потсетуваме, Евгенија и Вело шест години се во брак откако претходно три години беа во врска.
Тие предизвикуваат внимание и заради големата разлика во годините, но критиките никогаш не допреле до нив.
Инаку Евгенија е поранешна манекенка и мисица која своевремено беше дел од битолското модно студио „Шанел“.
Има освоено повеќе титули на разни избори за убавина, а се има појавено и во неколку спотови на македонски музичари.
Како што самата изјави во една пригода, врската ја започнале без обврски и некои поголеми очекувања, а по две години токму таа најмногу на свет сакала да имаат дете, по што желбата наскоро и и’ се остварила.
Пред да ја започнат врската, Евгенија му била студентка на Марковски и била меѓу најдобрите, по што Вело ја поканил да му биде демонстратор. По некое време, сосема случајно, се случиле и првите искри.
И покрај разликата во годините, Евгенија и Вело имаат совршено складен и хармоничен брак, а Катерина и Павле се плод на нивната љубов.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска